Балони на топол воздух се урнаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Од
Објавено на

Два балони на топол воздух се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 други се повредени, објави државната телевизија ТРТ во неделата.
Се наведува дека еден од пилотите на балон – загинал.
Несреќата се случила за време на летот што започнал во живописната долина Ихлар, дел од регионот Кападокија, главна туристичка дестинација позната по своите драматични пејзажи и возења со балони што привлекуваат стотици илјади посетители секоја година.
Причината за несреќата сè уште не е утврдена.
