Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Црковниот имот станува бизнис – МПЦ со хотели, станови и земјиште, но без да каже колку заработува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
DSC_0349

— реклама —

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) сѐ повеќе ја претвора својата имотна основа во бизнис стратегија, открива истражувањето на БИРН – Призма. Станови, деловни простории, хотели и илјадници хектари земјиште се користат за остварување приходи, но без притоа да има транспарентност или отчетност пред државата.

— реклама —

— реклама —

Во периодот од 2010 до 2023 година, МПЦ поднела само една завршна сметка во Централниот регистар, и тоа без пријавени приходи од закуп, инвестиции или други стопански активности. Според Призма, на тој начин се избегнува државен надзор над приходите кои се остваруваат од комерцијализацијата на црковниот имот.

— реклама —

„Средствата што се прибираат служат за издршка на МПЦ“, е официјалниот став на Црквата за Призма, со образложение дека верските институции мораат сами да се снаоѓаат за одржување и функционирање.

Истражувањето посочува дека МПЦ располага со над 195 станбени објекти, 129 деловни простории, два хотела на охридското крајбрежје („Изгрев“ и „Бисер“) и повеќе од 9.000 хектари земјиште – вклучувајќи ниви, шуми и пасишта. Хотелите се дадени под долгорочен закуп (на пример, 37.000 м² за период од 50 години), а за многу од становите и деловните простори постојат договори за издавање.

Иако со години важи за „непрофитна организација“, МПЦ-ОА практично оперира како институција со сериозен економски потенцијал. Од БИРН нагласуваат дека недостигот на контрола и транспарентност создава простор за злоупотреби, а граѓаните остануваат без одговор за тоа како се трошат средствата собрани преку имотот кој историски е во служба на јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања