Правосудството е во служба на премиерот, вели Реџепи од коалицијата на ДУИ


Скендер Реџепи од Европскиот сојуз на ДУИ остро ја критикуваше работата на правосудните институции, обвинувајќи дека се ставиле во функција на власта и дека се врши политичко влијание врз истрагата за трагедијата во Кочани.
„Жалосно е што Обвинителството и судството се ставаат во служба на власта. Сега се во служба на премиерот. Прво бараа разрешување на обвинителот, па потоа се откажаа. Сега во Кочани имаме одговорност за секој што е надвор од власта. Се влијае на процесот“, изјави Реџепи.
Тој додаде дека јавноста треба да внимава кој се соочува со одговорност и како се води случајот, алудирајќи на можни политички притисоци и селективен пристап во постапките. Смета дека за ова треба да се запознае и меѓународната заедница
Изјавата на Реџепи доаѓа во чувствителен момент кога вниманието на јавноста е насочено кон истрагата и обвинението за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица.
