Нов ценовен удар: Поскапуваат бензините и дизелот – важи од ноќеска


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,63% во однос на последната пресметка од 9 јуни 2025 година.
Зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што цените се зголемиле во просек:
кај бензините за 4,09%,
кај дизелот за 5,63%,
кај екстра лесното масло за 5,13%,
а кај мазутот за 5,69%.
Исто така, курсот на денарот во однос на доларот, кој се користи при пресметката, е понизок за 0,62% во однос на претходната пресметка.
Нови цени од 17 јуни (00:01 часот):
ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар
Мазут М-1 НС: 39,779 денари/килограм
Со новата одлука:
Цената на бензините и дизелот се зголемува за 1,50 денари по литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар по литар.
Цената на мазутот се зголемува за 1,293 ден/кг.
Од РКЕ потсетуваат дека овие се максимални малопродажни цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско од утврдените граници.
