Свет

Радев за Македонија: Бугарија никогаш не ставила вето

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ.

„Се повикуваме на постојните договори – Договорот од 2017, преговарачката рамка од 2022 и двата протокола. Бугарија не блокира, туку очекува спроведување на преземените обврски“, рече Радев.

Тој додаде дека Софија очекува реален напредок во почитувањето на човековите права и дека ја поддржува Македонија, но со почитување на европските стандарди.

Претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите, на што Радев возврати дека проблемите се внатрешни и поврзани со владеење на правото.

На почеток