Ќе им се тресе имотот на тајкуните? Владата со нова стратегија за финансиски истраги


На денешната 84-та седница, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акциски план за нејзина примена.
Како што соопштија од Владата, документот е дел од заложбата за „системски пристап во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, со фокус на откривање, одземање и управување со нелегално стекнат имот.
Во обид за засилување на институционалниот притисок, покрај веќе постојната Национална комисија, ќе биде формиран и нов Национален совет за финансиски истраги и конфискација.
И покрај заложбите на хартија, останува клучното прашање – дали ова ќе донесе конкретни резултати или ќе остане уште еден документ без вистинска примена?
