Манев бара да биде суден за грабнување, а не за убиство, па раскажа како барал од Палчо да ја ослободат Вања


Денеска во судот на завршните зборови, адвокатот на обвинетиот Велибор Манев, Горан Бошевски, побара судот да го ослободи неговиот клиент Манев од обвиненијата за убиствата, а да остане само обвинението и да биде казнет само за грабнувањата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
По грабнувањара Вања и Панче беа бездушно убиени во ноември 2023 година.
,,Треба да постои претходен договор за да има соизвршителство. Треба делото да го извршат заедно. Треба да се работи за дејствија кои претставуваат особен придонес кон извршување на делото.Соизвршител за убиство може да биде само некој кој се договорил дека ќе бидат убиени лица”, објаснуваше бранителот и рече дека Манев ги познава обвинетите, освен таткото на Вања, Александар. Го познава и Панче, кој му останал должен. Рече дека планирале грабнување, но не и убиства.
Тој и натаму тврди дека со Боре Видевски мислеле дека киднапираат возрасна жена од влезот, која Палевски ја следел.
„Кога ја отворивме вреќата видовме ранец. Палевски ја тргна лентата и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои и се мајка и татко, и потоа ја фотографираше со вперен пиштол. Со Боре му рековме да го ослободи девојчето, и така бевме под маски, но тој ја фотографираше, зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата“, рече адвокатот на Манев.
