Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Туфегџиќ за таткото на Вања: Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-18-at-12.20.42

Во завршниот збор пред Судот, адвокатот Владимир Туфегџиќ се обрати во одбрана на својот клиент, Александар Ѓорчески – обвинет во случајот за помош при грабнување на 14-годишната Вања Ѓорческа, негова ќерка.

— реклама —

„Александар поради бруталното убиство на неговото дете и тешките последици за него и за неговото семејство, од овој суд не бара милост или одлука поради сожалување и емпатија кон него, Александар бара праведна судска одлука со која ќе бидат казнети сторителите, судска одлука со која ќе ги дознае мотивите и вистинските причини за овој монструозен чин и одговор на прашањето, зошто токму тој и неговото семејство се одбрани да бидат до крајот на животот осудени да живеат со огромна празнина, тага и болка. Застапникот на обвинението (обвинителката) не докажа надвор од разумно сомнение дека Александар го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, рече Туфегџиќ.

— реклама —

„Обвинителниот акт кон Александар Ѓорчески не само што е контрадикторен, туку и човечки неприроден“, истакна Туфегџиќ па додаде: „Овој човек е татко. Преживеа нешто што ниту еден родител не треба да го доживее – да му ја грабнат ќерката и подоцна да му ја пронајдат мртва.“

— реклама —

Туфегџиќ го обвини обвинителството дека „со невидена леснотија, го ставиле таткото на убиеното дете на обвинителна клупа“.

— реклама —

„Ваквиот пристап на застапникот на обвинението во теоријата на докажувањето за учеството на таткото Александар дека комуникација помеѓу таткото и Љупчо Палевски имало, но сепак нема докази за постоење на комуникацијата затоа што било логично да нема доказ за нивната комуникација е недозволен и опасен преседан кој значи обвинување за претпоставена а не докажана вина, тврдење кое е потполно неосновано и паушално од причина што телефоните кои ги користел таткото се криминалистички вештачени, нема доказ за комуникација или избришани записи по претходна комуникација со телефонските броеви кои ги користел Палевски а кои ги посочува застапникот на обвинението“, додаде тој.

На крајот, Туфегџиќ апелираше до судот да „погледне со разум и правичност, но и со човечност“, и побара целосно ослободување на Александар Ѓорчески од обвиненијата.

„Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ. Во оваа смисла по однос на обвинетиот Александар се докажа дека ваквото обвинение е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување.

Токму од доказите на обвинителството произлегува дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и сведокот Гоце и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници кои учествувале во истражната постапка“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања