Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид – игнорирана претставка од 25 организации


И покрај поднесена претставка од 25 граѓански организации со барање за итно отстранување на хотелот што се гради во охридската Горица, ниту Владата, ниту премиерот, ниту Општина Охрид постапиле во законскиот рок – со што е прекршен и Законот за постапување по претставки и предлози.
Хотелскиот комплекс на фирмата „Дивелоп Груп“, чиј сопственик е „Бест веј инвестмент“ на Мијалкови, се гради на местото на поранешна шума. Невладини организации тврдеа дека е без соодветна еколошка проценка, со незаконско одобрение и во спротивност со препораките од УНЕСКО и Бернската конвенција. Но, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, тврди дека се е според закон и дека Мијлаков не би дозволил таква почетничка грешка. Градбата е посочена како закана во Планот за управување со светското наследство, а активностите започнаа и покрај барањето на УНЕСКО за нивно стопирање.
Од екоактивистите велат дека институциите ги игнорираат и законските и моралните обврски. Кабинетот на премиерот претставката ја препратил до Општина Охрид и МЖСПП. Молк стигнал и од пратениците, па дури и од ДКСК, каде случајот е поднесен уште во март.
На оваа тема, зборуваше и потпретседател на Влада и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“:
