Скопје

(Видео) Пожар на дивата депонија во Визбегово – кабли се палат намерно, повик за контроли

Во текот на денешниот ден избувнал пожар на депонија во скопската населба Визбегово. Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш било стапено во контакт со Полициската станица Бутел и со Противпожарната бригада на Град Скопје, кои излегле на терен и интервенирале.

Се работело за пожар кој зафатил сува трева, ѓубриште и кабли, а истиот бил успешно изгаснат. Сепак, од ЦУК информираат дека одделни поединци намерно палат кабли на депонијата, што го отежнува гаснењето и создава дополнителен ризик по животната средина и здравјето на граѓаните.

Граѓаните апелираат за поинтензивен надзор и санкции за намерното предизвикување пожари и загадување на воздухот, особено во делови како Визбегово, каде проблемот е хроничен.

На почеток