(Видео) Опструкции, закочени институции и навреди во Советот – градоначалникот на Кочани алармира за блокади од сите страни


В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, остро проговори за сериозни опструкции со кои се соочува локалната власт. На денешната седница на Советот, тој посочи дека веќе три недели чекаат согласност од Министерството за финансии за отворање на новата градинка во која би биле згрижени 115 деца. Обвини и за нефункционалност на инспекциските служби кои, според него, не реагираат на небезбедни угостителски објекти. Дополнителен хаос предизвикала и самата седница, на која, освен што не се гласало за важна меѓуопштинска соработка, биле присутни навреди и обиди за физички пресметки.
„Се соочуваме со опструкции од сите страни. Немаме трета недела согласност од министерката за финансии за отворање на градинката во која ќе бидат сместени 115 деца и ќе нема листа за чекање. Имаме опструкции од инспекторски служби кои не си ја вршат својата работа во делот на угостителски објекти каде што е нарушена безбедноста и на посетителите и на граѓаните. Денеска имаме опструкции во Советот, повторно не се глас за меѓу општинска соработка, гледам навреди, обиди за физички пресметки, нешто што е недозволиво“, рече в.д. градоначалникот Венко Крстевски.
