Спорт

Охрид го совлада КЛ7, утре ќе се знае шампионот на Македонија во младинска конкуренција

Охрид го совлада КЛ7 со 28-23 вечерва во четврт финалниот натпревар од ракометниот шампионат на Македонија во младинска конкуренција, кој се игра во СРЦ „Билјанини извори“.

Добриот почеток на мечот им донесе предност на охриѓани . Ракометарите на КЛ7 и покрај тоа што успеаја да се доближат, но не успеаја да ја стопат предноста и целосно да се вратат во игра до крајот на првиот дел.
Во тимот на Охрид се истакна Наум Костов кој постигна 9 погодоци, а во тимот на КЛ7 најефикасен беше Дејан Џигероски со седум голови.

Натпреварот за трето место на новиот ракометен шампион на Македонија во младинска конкуренција ќе се знае утре, 31-ви март од 15:30 часот, а големото финале е закажано за 17:30 часот, кога силите ќе ги одмерат Охрид и Металург.

Ова е вторпат Охрид да биде домаќин на завршен турнир, пред две години овде се одржа Ф4 турнирот во пионерска конкуренција.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top