Скопје

(Видео) Сообраќајка кај Мајчин дом во Аеродром – тешко повреден мотоциклист

Вчера попладнето, околу 17:55 часот на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл.

Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога патничко возило „Мерцедес“ со скопски таблички, управувано од 54-годишниот А.К. од Скопје и мотоцикл марка „Хонда“, управуван од 43-годишниот Е.К., исто така од Скопје се судриле.

Во сударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување. Возачот на автомобилот и неговата сопатничка З.К. се здобиле со полесни повреди. Повредите се констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините на несреќата е во тек.

На почеток