Македонија

ВРЕДИ очекува победа на локалните избори, можна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг

Синоќа владиниот коалициски партнер ВРЕДИ го отвори Централниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, како почеток на подготовка за претстојните локални избори закажани за средината на октомври оваа година.

Лидерите на коалицијата, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Фетаи покажаа силна верба во победата на овие избори.

Изет Меџити изјави дека коалицијата ангажирала професионални агенции за спроведување анкети и дека имаат намера да ги предложат најдобрите и најуспешните кандидати кои треба да бидат добри менаџери кои ќе работат во интерес на граѓаните.

„Ова се локални избори и главен критериум е да бидат добри менаџери кои ќе сработат во интерес на граѓаните”, рече Меџити.

Можна е поддршка на кандидатите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите.

На почеток