Техеран ветува одмазда по американските напади


По американските напади, се огласи и Иран.
Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“.
Тој јасно предупреди дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.
САД според Аракчи, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие. Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет”, тече Аракчи.
