🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
loru5bcabbkptivbtymx

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 28-годишен маж од Скопје, осомничен за семејно насилство врз неговата малолетна ќерка, родена во 2021 година. Настанот се случил во нивниот семеен дом во населбата Драчево.

— реклама —

Според обвинителството, додека мајката приготвувала јадење, девојчето си играло со своите две сестри. Во моментот кога се качило на креветот за да земе играчки, таткото започнал да ја навредува, па ѝ удрил неколку шлаканици по лицето. Од ударите, девојчето добило набиеница на главата и огреботини на лицето. Осомничениот продолжил со вербални закани, вклучително и со зборовите дека ќе ја убие.

Јавниот обвинител укажува дека мажот и претходно манифестирал агресивно однесување во семејството, поради што постои сериозен ризик од повторување на насилството. Тоа, според Обвинителството, претставува закана за нормалниот психофизички развој и воспитување на децата.

— реклама —

Имајќи го предвид и ризикот од бегство и обид за избегнување на одговорност, до судијата на претходна постапка поднесен е предлог за определување мерка притвор.

Осомничениот се гони за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања