Македонија

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија излегува од досегашната коалиција со СДСМ. Во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова “Зелена коалиција” во партнерство со граѓански организации.

Промените ги донесе Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, фер и инклузивни политики. “Кога процесите се затворени, потребно е самостојно и доследно политичко дејствување”, велат од партијата.

Партијата на локалните избори нема да коалицира со политички партии, туку со граѓанскиот сектор.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, стои во соопштението

На почеток