ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје


Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.
„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, стои во партиското соопштение.
Ова, посочуваат, е време кое бара решителност, координација и зрелост.
„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од ДУИ.
