Свет

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар

Иран го возврати ударот и ги нападна американските воени бази во Катар.

Веста ја објави иранската државна телевизија. Го најавија почетокот на операцијата „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база во Катар.

Трамп го свика тимот за национална безбедност за да разговара за заканите. Тој предупреди дека на секој напад ќе биде одговорено со сила многу поголема од онаа што беше видена за време на американскиот напад врз ирански нуклеарни објекти.

На почеток