МНР апелира: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток


Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.
,, Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби”, велат од МНР.
За итни случаи, граѓаните можат да ги користат следните контакти:
Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 – [email protected]
Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532 – [email protected]
Амбасада во Доха: +974 50 173 111 – [email protected]
МНР дежурни броеви: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 – [email protected]
