Израел го прифати предлогот за примирје на Трамп, но најавува жесток одговор на секое прекршување


Израелската влада соопшти дека го прифатила предлогот за примирје на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека воената операција против Иран ги исполнила клучните цели.
Во официјалното соопштение се наведува дека е отстранета „непосредната егзистенцијална закана“ што, според Израел, произлегувала од иранската нуклеарна програма и балистичките ракети.
Во последните 24 часа, израелските сили, според сопствени наводи, „тешко погодиле владини цели во срцето на Техеран“, вклучително и елиминација на уште еден висок ирански нуклеарен научник. Дополнително, се тврди дека израелската војска воспоставила „потполна контрола врз воздушниот простор над Техеран“ и уништила десетици клучни воени и државни објекти.
Израел најави дека ќе одговори решително и без двоумење на секое евентуално прекршување на договореното примирје. Во соопштението се изразува и благодарност до претседателот Трамп за, како што се вели, „поддршката во одбраната и активното учество во остварување на поставените цели“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ѝ се обрати на јавноста подоцна во текот на денот.
