Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
filipce-51

„Собранието во јули 2022 година има донесено заклучоци со кои што тогашната, но и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните, културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара, ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и, впрочем, е потпишан договорот со ФРОНТЕКС. Значи, чист македонски јазик без никакви забелешки, без никакви фусноти“, рече Филипче, додавајќи дека ова е една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик, меѓутоа таа борба е завршена.

— реклама —

Притоа, Филипче посочи дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги загрозува нашите преговарачки позиции. Тој потсети на заклучоците донесени во 2022 година од страна на Собранието, за кои што, впрочем, ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тогашниот состав не гласале против.

— реклама —

„Тука јасно пишува дека се задолжува Владата на Република Северна Македонија и целокупниот тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Понатаму во текстот, дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка, а таму јасно стои чист македонски јазик. За жал, сметам дека ова што го прави и премиерот и Владата предводена од него, во која учествуваат и ВЛЕН и ЗНАМ, сериозно ги нарушува нашите преговарачки позиции. Оваа борба Владата на СДСМ ја доби – го потврдивме македонскиот јазик, чист македонски јазик“, рече Филипче.

— реклама —

Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.

— реклама —

„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 5 часа

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања