Англија ` го нанесе првиот пораз на Шпанија на домашен терен во меч од натпреварувачки карактер по пауза од 15 години или ако сакате 38 настапи. „Гордиот Албион“ ја стивна „фуријата“ во Севилја со 3:2 во третото коло од најсилната конкуренцијата во Лигата на нации на УЕФА.
Рахим Стерлинг го прекина тригодишниот пост во националниот тим и по додавање на Маркус Рашфорд во 16. минута обезбеди водство за составот на Герет Саутгејт кој одново е во игра за првото место во групата. Напаѓачот на Манчестер сити го совлада Де Хеа и вои 38. минута, а во меѓувреме (30 минута) во листата на стртелци се впиша и Рашфорд.
Шпанците во вториот дел заигра нешто подобро и со головите на Пако Алкасер во 58. минута и на Серхио Рамос во длабокото судиско надополнување (90’+8’) го претворија дебаклот во поднослив пораз.
Џеко со два гола ја урна Северна Ирска за максимален ефект на БиХ во Б дивизија
Репрезентацијата на БиХ предводена од Роберт Просинечки се наоѓа на чекор до плејоф во Лигата на нации. На стадионот „Грбавица“ во Сараево беше совладана Северна Ирска со 2:0, двоен стрелец за домашните беше Един Џеко во 27. минута и во 73. минута. При првиот погодок на напаѓачот на Рома асистира Вишча, вториот дојде по додавање од Миралем Пјаниќ.
БиХ е првопласирана во групата 3 со девет бода, Австрија е втора со три и натпревар помалку додека Северна Ирска е последна и без шанси за разигрување за ЕП 2020.