Македонија

(Видео) Таткото на Вања ослободен од вина

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него.

„Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски.

Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика од другите четворица обвинети, кои се товарат за тешко убиство и барање доживотен затвор, за Ѓорчевски се бара соодветна казна затвор за помагање во извршување на кривично дело.

На едно од рочиштата, Ѓорчевски се изјасни за невин, тврдејќи дека од првиот ден бил неправедно третиран од истражните органи. Изјави дека полицијата го сомничела без основа и бараше да му биде дозволено тестирање на полиграф, со цел да ја докаже својата невиност.

Во текот на судската постапка, неговото име не се спомнуваше во контекст на директно учество, освен од обвинителките. Обвинителството, сепак, тврди дека тој имал предзнаење за планот, но не презел ништо да го спречи.

На почеток