Македонија

(Видео) Сиљановска го помеша потпретседателот на САД – го нарече „Диџеј Венс“ и кажа дека бил на Самитот на НАТО, иако не присуствувал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг го помеша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио, а дополнително, во изјава за ТВ21, го нарече „Диџеј Венс“.

Иако изјави дека со поранешниот претседател Доналд Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“, тој воопшто не присуствуваше на самитот. Всушност, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со сенаторот Рубио во Вашингтон, на 29 мај, а не со потпретседателот на САД.

„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, изјави Сиљановска за ТВ21.

Претседателката ја предводеше македонската делегација на Самитот во Хаг, заедно со министрите Муцунски и Мисајловски. Американската делегација беше предводена од Трамп, а во неа беа и Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет.

На својот Фејсбук профил, Сиљановска објави фотографии од средбата со Трамп, нарекувајќи ја „кратка средба со американскиот претседател, симболичен гест на почит и партнерство“.

На почеток