Македонија

(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања

Во новата епизода на Претрес имаме два фронта на македонското правораздавање:
👉 Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет
👉 Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски – таткото на убиената Вања

Во студиото се отвораат прашања кои повеќе не смеат да останат без одговор.

⚖️ Со Камбовски зборуваме за:
Избори на судии без образложенија – и без доверба

Судиите кои застаруваат предмети и судат со години

Зошто Весна Дамева, со пријавен конфликт на интереси, гласала за избор на Африм Фидани да биде претседател на Врховен суд

Кој ја носи правдата, и дали Судски совет потклекнува пред амбасадите во земјава?

Колку членови во Советот ги штити бизнис-елитата, а не ги фаќа законот?

Зошто некои судии со сериозни прекршувања добиваат само „опомени“?

⚠️ Со Туфегџиќ отвараме:
Како беше обвинет таткото Александар Ѓорчевски за грабнување на сопствената ќерка?

Дали Обвинителството ги игнорираше доказите, додека јавноста му пресуди однапред?

Што се крие зад молкот за пиштолот – клучен доказ кој трипати беше спомнат пред суд, а никој не го побара?

Дали Ѓорчевски е ослободен, но системот е виновен?

Кој ја уништи вистината – и кој сѐ ќе помине неказнет?

На почеток