(Видео) Камбовски: Криво ми е што по лошо се познати судиите, добар дел сами сносат вина


Гостин во ,,Претрес со Ландов” е Александар Камбовски, претседател на Судски совет.Тој рече дека му е криво што по лошо се познати во јавноста, а за добар дел сами сносат вина.
Сепак, вели, има и добри судии.
Огромен терет, посочи, носат на свои плеќи. Има и професионалци меѓу 400 судии.
,,Минимални се шансите да се згреши. По допрен глас реагираме, но не смееме да вршиме притисок. Откако сум претседател 4 судии се разрешени. Мора за неправилности да има пријави од граѓаните”, рече Камбовски.
Укажа на финансискиот и кадровскиот проблем во судството.
За изјавата на Мицкоски дека по смена на власта, судии и обвинители доаѓале и се жалеле дека имале притисоци, Камбовски рече дека д страшно, но рече дека ако не поднесат пријава не заслужуваат да бидат судии и е политиканство.
Во Претрес вечерва по Камбовски, гостин ќе биде Владимир Туфегџиќ, ексклузивно по пресудите за грозоморното убиство на Вања и Панче.
Следете не на линкот:
