Свет

(Видео) Пожар на сплав на Ада Циганлија – 22 пожарникари на терен

Голем пожар избувна попладнево на сплавот „Оган и вода“ на белградската Ада Циганлија. Како што јавуваат српските медиуми, пожарот бил пријавен во 14:55 часот, по што веднаш на терен интервенирале противпожарните екипи.

На местото на настанот се распоредени 22 пожарникари со седум противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот. Засега нема информации за тоа што ја предизвикало огнената стихија, ниту дали има повредени лица.

Не е познат ниту износот на материјалната штета, а надлежните служби работат на расветлување на случајот. Очевидци сведочат за густ чад и пламени јазици кои се гледале од далечина.

Линк од видеото: https://www.instagram.com/p/DLXZUsxI-qk/

На почеток