🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Хрват пронајден жив по 30 години: Намерно ја лажирал својата смрт и започнал нов живот во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
policija-germanija

Хрватскиот државјанин Борис Ц. од Виерсен (Северна Рајна-Вестфалија), кој исчезнал во 1994 година, по речиси три децении е пронајден жив во Франција, каде што живее под нов идентитет со ново семејство, пишува Јутарни.хр. Случајот кој со години се водеше како можна жртва на убиство, доби неочекуван и драматичен пресврт.

— реклама —

Во времето на исчезнувањето, Борис имал 37 години. Неговиот автомобил бил пронајден во Дизелдорф со траги од крв, кои подоцна било потврдено дека се негови. Германската полиција веднаш претпоставила дека е убиен, а и покрај долготрајната истрага, не бил пронајден. Во 1997 година, неговото семејство официјално го прогласило за мртов.

Пресвртот се случил по повеќе од 30 години, кога властите откриле дека Борис всушност живее во Франција. Според информации од државното обвинителство, тој однапред го испланирал своето исчезнување. Признал дека имал сериозни долгови и стравувал од можни последици по себе и семејството, поради што решил да исчезне и да започне нов живот.

— реклама —

Клучен доказ во случајот – крвавите траги во автомобилот – се покажале како дел од неговиот план. Властите сега веруваат дека Борис намерно се самоповредил за да создаде убедлив впечаток дека станува збор за насилен криминал. Овие лажни траги ги навеле истражителите на погрешен пат, кој траел со децении.

Случајот повторно бил отворен благодарение на германската телевизиска емисија Aktenzeichen XY, која често придонесува за разрешување на стари случаи на исчезнувања и кривични дела. Но, ретко се случува "мртов човек" – особено од Хрватска – повторно да се појави во јавноста жив и здрав.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања