Руски дронски напад врз Запорожје предизвика големи пожари и штети


Во ноќен напад со руски дронови врз градот Запорожје се предизвикани серија пожари и значителни оштетувања на индустриски објекти и гаражни комплекси, пренесе денеска агенцијата „Укринформ“.
Гувернерот на Запорошката област, Иван Федоров, преку Телеграм информираше дека биле погодени најмалку шест различни локации во регионот. Според него, беспилотни летала удриле во индустриско претпријатие и територија на гаражна задруга, што довело до силни пожари.
И покрај сериозната материјална штета, нема жртви меѓу цивилното население. Нападот предизвикал големи штети и врз локалната инфраструктура, но противвоздушната одбрана успешно делувала и спречила поголеми последици.
Федоров додаде дека состојбата во Запорожје во моментов е стабилизирана, а проценката на штетите е во тек.
