Македонија

Две сообраќајки за едно деноноќие – повредени седум лица во Велес и кај Неготино

Седум лица, меѓу кои и малолетничка, се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле на вчера на подрачјата на Велес и Неготино.

Првата несреќа била пријавена околу 23 часот во СВР Велес. На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Повредите биле констатирани во Општата болница Велес, а увид извршила екипа од СВР Велес.

Истотиот ден, утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа. На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за двете сообраќајни несреќи.

На почеток