Скопје1 праша, Спасовски и Костовски не одговорија: Ќе се извинаат ли на таткото на Вања?


И покрај тоа што Кривичниот суд јасно го ослободи Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, од каква било вина и поврзаност со нејзината смрт, двајца носители на јавни функции – поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Оливер Спасовски, и експратеникот Мартин Костовски – сѐ уште немаат одговорено на новинарските прашања за нивните претходни јавни изјави со кои, според одбраната, придонеле за неговата стигматизација.
„Скопје1“ испрати прашања до Спасовски и Костовски, со цел да добие реакција по завршувањето на судскиот процес, но одговори не пристигнаа. Двајцата беа прашани – дали ќе се извинат на Ѓорчевски, односно дали гледаат одговорнсот за нивните постапки.
На прес-конференција во текот на истрагата, тогашниот министер Спасовски изјави дека „таткото споделил информации за времето на излегување на Вања од дома“, што, според одбраната, предизвика сериозни последици за Ѓорчевски, вклучително и јавни напади и осуди. Пратеникот Мартин Костовски, пак, на 4 декември 2023 година во објава на Фејсбук го нарече Ѓорчевски „рѓа монструозна“ – квалификација која денес, се споделува во јавноста.
Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, во гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ оцени дека страдањето на неговиот клиент е директно продолжение на страдањето поради убиството на неговото дете.
„На совеста на министерот Спасовски, на пратеникот Костовски, на полицискиот началник Дејан Димовски и на обвинителките е понатамошното страдање на Александар“, изјави Туфегџиќ.
„Ова не беше само истрага – ова беше лична стигматизација, надвор од законска процедура“, додаде тој.
ЦЕЛО ГОСТУВАЊЕ:
