Македонија

Пехчево: По расправија, млада жена фрлена низ прозорец

Утрово беше објавено дека вчера, на 27 јуни 2025 година, околу 15:00 часот, во ходник на Центарот за социјални работи во Пехчево, избувнала физичка пресметка меѓу двајца лица — В.Т. (27), од Гевгелија и В.П.Н. (23), од Пехчево — поради конфликт околу нивната малолетна ќерка. Во текот на инцидентот, В.Т. ја турнал В.П.Н. низ прозорецот, при што таа паднала во двор на објектот.

По настанот, на В.П.Н. ѝ е укажана прва помош од Итната медицинска помош во Пехчево, додека В.Т. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Набргу ќе биде подготвен и поднесок по документирањето на случајот.

На почеток