Македонија

Приведена 19-годишна радовишанка: Возела пијана, предизвикала несреќа и избегала од местото

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена откако предизвикала сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и го напуштила местото на настанот, информира МВР.

Како што соопштија од Министерството, инцидентот се случил на 29 јуни во 06:30 часот на улицата „Самоилова“ во Радовиш. По преземени мерки, било утврдено дека возачката Т.К. управувала возило со 2,23 промили алкохол во крвта.

Таа е задржана во Полициската станица Радовиш. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

На почеток