„Ја продаде куќата за да им обезбеди дом – сега бега од пеколот“ – и треба помош на мајката на тепаното дете од Драчево


Венера, мајката која ја објави страотната снимка каде се гледа како таткото го шамара сопственото четиригодишно дете, а притоа му се заканува дека ќе го убие, бара помош од целата јавност. Фондацијата „E-crowd“ објави апел за нејзин достоинствен живот. Таму се опишува и дел од нејзиниот живот.
„Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка. Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење“, пишува во описот на кампањата.
Кампањата има за цел да обезбеди правна помош, подобрување на условите за живот, основни потреби за децата, психосоцијална поддршка и стабилна средина за раст и развој.
За таткото на децата, се води постапка. Видеото наиде на остри јавни осуди.
View this post on Instagram
