Скопје

(Фото) Семафор искршен, перничиња активирани, интервенира Брза помош – судар кај Собранието

Сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата кај Собрание. Очевидци посочуваат дека автомобил марка „ауди“ и „алфа“ се судриле, а веднаш била повикана и Брза помош бидејќи еден од возачите се жалел на повреди.

Од фотографиите може да се види дека поголеми оштетувања има автомобилот „алфа“ во кои се отвориле и воздушните перничиња. Од силината на ударот, искршен е и семафорот.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

На почеток