Млад скпјанец усмрти пешак, прегазувајќи го со мотоцикл

Од
Објавено на

Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72), исто така од Скопје.
Како што информира МВР, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Извршен е увид, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
