Свет

Јубилеен, неуспешен 40-ти обид за конституирање на косовското Собрание

Ниту денеска, по 40-ти пат, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот.

Од 100 присутни пратеници, 51 гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател.

Претходно, пратениците не го усвоија предлогот на движењето Самоопределување да се гласа за нивниот кандидат Аљбуљена Хаџи за претседателка на Собранието, на тајно гласање.

Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но тој нареди службата да ги исклучи нивните микрофони.

Пратеникот Аљбин Курти беше предложен за член на комисијата од коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА. Пратениците од овие две партии и Српската листа не учествуваа во гласањето.

Следното гласање е закажано за четврток, 3 јули.

На почеток