Македонија

(Видео) За Марта Кос македонскиот идентитет се тавче-гравче, пинџур, погача, полнети пиперки

Комесарката за проширување, Марта Кос, на денешната прес конференција во Скопје, рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот.

Несвојствено за политичар, таа навредливо ни го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.

„Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците”, рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори:

„За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански.Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”.

На почеток