Скопје

Избегал возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на Кеј – детали од МВР

Возачот на мотоциклот со кој го усмрти скопјанецот Југослав Николовски избегал, а полицијата уште го нема најдено. Николовски излегол од домот за да фрли отпад до контејнерите кај Министерство за земјоделие, а возачот со голема брзина го прегазил и усмртил буквално под прозорот на зградата во која живеел.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР за „Скопје1“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРЕТХОДНО:

(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

На почеток