Македонија

(Видео) Подметнат е пожарот на плацот во Кочани каде гореа возила, на камерите се гледа лицето кое го подметнало

Пожарот кој избувна на плац во близина на Кочани, бил подметнат. Ова го соопштува Обвинителството за „Скопје1“. Тие посочуваат дека биле прегледани снимки од надзорни камери, на кои е забележано лице кое го предизвикува пожарот во кои изгореа неколку автобуси. Пожарот беше во близина на бензиска пумпа, среде ноќ.

„Извршен е увид на лице место, подигнати се материјални траги. Увидот го вршеа полициски екипи и стручни лица. Согласно увидот од видео материјалот, се гледа лице кое го подметнува пожарот. Дадени итни наредби до МВР за идентификација на сторител на евентуално кривично дело. Дополнително ќе има наредба за вештачење“, велат од МВР за „Скопје1“.

Според МВР, изгореле три автобуси и комбе.

На почеток