(ВО ЖИВО) Богдановиќ: Заев ме тргна од политиката и не ми даде шанса за втор мандат


Саша Богдановиќ, екс градоначалникот на Центар, вечерва е гостин во „Претрес со Ландов”.
Тој вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажувал на тоа што не чинело во партијата. Негира дека молчел кога бил градоначалник.
Рече дека Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат.
Вели дека само 10-на згради се изградени во негово време, но не знае точна бројка.
„Како градоначалник, тоа што го ветивме го реализиравме. Имавме позитивни реакции за мораториумот на ДУП-те”, рече Богдановиќ.
Тој вели дека не потпишал во заминување од функцијата многу дозволи за градба, само за 5-6 згради. За првата зграда кај Холидеј ин тој ја потпишал дозволата. Богдановиќ вели дека дел од граѓаните сакале тука згради.
„Изменивме 9 ДУП-а, со Мораториумот, но по одлуката на Уставен суд, ревизијата беше сопрена”, вели екс градоначалникот на Центар.
Три дена пред заминување Богдановиќ потпишал одобрение за петкатница кај Јадран. Тој појаснува дека се одело електронски.
Претресот може да го следите на линкот:
https://www.youtube.com/live/4ih2pmtgyv8
