Струмичкиот градоначалник ќе делува во или надвор од СДСМ: Костадинов најави нова стратегија по завршување на локалните избори


Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој синоќа го замрзна челнството во СДСМ, откако лидерот Филипче не му додели повторна кандидатура, уште еднаш се огласи на ФБ занеговите следни чекори и најави поинаква политичка стратегија:
-Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“
