Уште еден пешак прегазен во Скопје – уапсен е возачот

Од
Објавено на

Пешак на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје.
Како што информира МВР, несреќата се случила на 3 јули околу 11 часот на улицата „Филип Втори Македонски“. Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот К.К., исто така од Скопје.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од страна на СВР Скопје бил извршен увид, а возачот е приведен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
