„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето


Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена.
Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.
365 дена со луѓето!
Не кампања на зборови, туку на дела.
Не кампања на ветувања, туку на покажување.
До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.
Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.
Јас и мојот тим – 365 дена со народот.
Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.
Ова не е почеток на политичка кампања.
Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.
Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.
Ваш,
Коста Костадинов
