🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бракот е слободен избор, а не даночна обврска, остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на Мицкоски за оданочување на немажените и неженетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
0-02-05-17084385bdd836ceaeac01ab9f95aec7df917ccb81dc91fee47380b856a12ab9_7af79451a73a96d7

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица.

— реклама —

Таквата изјава, велат е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода.

Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна мерка не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска, бидејќи ги крши човековите права односно правото на избор, правото на приватен и семеен живот и правото на планирање семејство, животен стил, семејна состојба и иднина.

— реклама —

„Го стигматизира секој кој не живее во брачна заедница, било од избор, било од околности. Ги удира младите, самохраните родители, ЛГБТИ+ лицата и оние кои се социјално и економски ранливи.Не придонесува кон развој на општеството, туку отвора врата за нови поделби, стигма и нееднаквост”, велат од Мрежата.

Потсетуваат дека со член 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Дополнително, вонбрачната заедница е регулирана и заштитена со Уставот на Република Северна Македонија.

„Ваквиот предлог јасно кореспондира со идеите кои доаѓаат од авторитарни режими кои преку ретроградни наративи имаат за цел насилно зголемување на наталитетот. Наместо казнување на личните избори преку даночен систем, потребни се политики кои ги поддржуваат младите семејства, достапни градинки, сигурно вработување, родова еднаквост и слободен избор на партнерство и родителство.Животниот стил не е основа за оданочување. Во демократска и современа држава, бракот треба да биде слободен избор, а не даночна обврска”, се вели во соопштението.

Ја повикаа Владата, како орган којшто е овластен предлагач на закони и политики, да се воздржи од иницијативи кои поттикнуваат дискриминација, а институциите да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања