Свет

Украински специјалци погодија руски воен аеродром – уништени бомби и авион

Украинските специјални сили во саботата извеле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск во Воронешката област, соопшти украинската војска преку социјалните мрежи.

Според нивните информации, при ударот било погодено складиште со „клизни бомби“ и тренажен авион, а постои сомнеж дека се оштетени и други воени летала, иако засега не се објавени дополнителни детали.

Во соопштението се наведува дека аеродромот служи како база за руски борбени авиони од типот Су-34, Су-35С и Су-30СМ, кои редовно учествуваат во нападите врз Украина.

На почеток