Скопје

(Фото) Се судриле, па излетал преку жарденери – тешка сообраќајка на Партизанска, има повредени

Во петокот навечер, на 4 јули околу 23:25 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила – „Рено Каптур“ управувано од 20-годишниот Д.И. и „Ауди А5“ со возач Е.С. (20), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во несреќата телесни повреди добиле возачот на „Ауди“-то, Е.С., како и неговите сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21). Повредените се згрижени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што се пуштени на домашно лекување.

Извршен бил увид од увидна екипа при СВР Скопје, а според проценките, штетата изнесува околу 200.000 денари. Се работи на целосно утврдување на причините за несреќата.

ФОТО: Локално

На почеток