Скопје

(Видео) Голем пожар над скопската обиколница, во Стопански двор – полицијата и пожарникарите на терен

Голем пожар изби над скопската обиколница односно во Стопански двор. Станува збор за населено место, каде има и куќи. Навремената интервенција на Противпожарната бригада односно пожарникарите, спречи тој да се прошири и да има поголеми штети.

Гореше сува трева. Засега не е познато дали причината за пожарот е човечки фактор или високите температури. Повикана беше и полиција која е на терен.

Повеќе информации се очекуваат подоцна.

На почеток