Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Талевски: Потребна е сериозна и одговорна политичка волја за помош на семејствата на жртвите во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Талевски на денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, истакна дека наместо реална помош за семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, власта води квази политика врз грбот на овие луѓе.

— реклама —

„Ситуацијата со ВМРО е комплетно забегана и нема допирна точка со реалноста. Жртвите и повредените секојдневно бараат помош од сите нас, и треба да им се излезе во пресрет. Наместо тоа, се води квази политика врз грбот на овие нови луѓе, и слушаме некакви објаснувања дека Собранието нема надлежност и не треба да биде вклучено во овој процес. Заменик-министерот дури ни кажува дека не треба да има политика во ова прашање. Кој води политика? Власта, која бара начин како да се извади од оваа цела ситуација“, рече Талевски.

— реклама —

При тоа, Талевски посочи дека постојано од почетокот на истрагата до сега , владата бара начин како да се амнестираат оние кои директно се одговорни за последиците од случувањата во Кочани.

— реклама —

„Самите тие полицајци, кои имале обврска дента да постават оперативен план по Законот за јавни собири и да постапат, не постапиле. По голем број реакции, имаме само обиди за заштита на одговорните“,рече Талевски.

— реклама —

Тој потенцираше дека јавноста заслужува транспарентност и решавање на овие проблеми:

„Очекуваме јасни одговори, решенија и поддршка за повредените и нивните семејства, како и за сите граѓани кои се соочуваат со сериозни проблеми. Ние, како пратеници, имаме обврска да ги слушнеме и поддржиме овие луѓе преку законски решенија и амандмани. Предлогот за ребаланс на Буџетот е чекор во таа насока, но, за жал, нема слух за тоа. Секој ден родителите бараат да им се помогне. Ние предлагаме начини како полесно да се справат семејствата на жртвите и овие 200 повредени. Затоа, свестете се малку. Потребна е сериозна и одговорна политичка волја, не кампања. Граѓаните очекуваат решенија и помош, а не празни зборови – рече Талевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 6 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 1 ден

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања